Легендата на Украина, Анатолиј Тимошчук и еден од најголеми фудбалери во својата земја доби забрана за влез во Украина.
На Тимошчук претходно брзо по започнувањето на инвазијата на Русија во Украина му беа избришина сите рекорди затоа што остана да биде дел од Зенит каде што се работи. Исто така тој не изјави ништо против инвазијата, па во Украина го сметаат за предавник.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски потпиша декрет за повеќе од 100 личности од јавниот живот во Украина, еден од нив е и Тимошчук.
Причината за забраната еш то никој од нив не ја осудил руската агресија.
Во кариерата Тимошчук собра 144 настапи за Украина, а играше уште за Волинд, Шахтер, Зенит, Баерн и Каират. Забраната за Тимошчук важи во наредната десет години исто така одземена му е и тренерската лица која му беше издадена од украинскиот сојуз.
Инаку во Зенит Тимошчук работи како тренер во младинските категории.