Дома Топ вести Легендата на Реал за Винисиус: Мора малку да се смириш

Легендата на Реал за Винисиус: Мора малку да се смириш

Реал Мадрид славеше на гостувањето кај Реал Сосиедад, а Бразилецот Винисиус Јуниор повторно влезе во конфликт со навивачите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Навивачите неколку пати го навредуваа од трибините, а Винисиус не им остана должен и реши да им одговори.

Бразилецот и пред неколку дена имаше контроверзна изјава со која ги налути Шпанците, па Предраг Мијатовиќ му порача дека мора малку да се смири.

„Тој фрла камења на покривот на сопствената куќа. Ја затрупува. И сето тоа иако е свесен за целата атмосфера околу него. Треба да се смири малку“, изјави Мијатовиќ.

„Сите сме среќни поради голот, но тој веднаш не разочара со начинот на кој славеше. Што прави сето ова за него? Тој си прави лоша услуга. Секојдневно разговарам со многу навивачи на Реал и на сите им пречи неговото однесување“, додаде  легендата на Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

ВИДЕО: Емотивното збогување на Левандовски. Повеќе нема да игра за Барселона

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски ја одигра својата последна средба пред навивачите на Б…