Дома Фудбал Англија Легендата на Арсенал: Фрустрирачки е што Рамзи заминува во помал клуб

Легендата на Арсенал: Фрустрирачки е што Рамзи заминува во помал клуб

Арон Рамзи ќе го напушти Арсенал и како слободен фудбалер после завршувањето на актуелната сезона ќе се пресели во редовите на Јувентус.

Ова не му се допаѓа на легендарниот голман на Арсенал, Дејвид Семан кој порача дека Рамзи оди од поголем во помал клуб.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Арон Рамзи ќе остане добро запаметен во Арсенал. Тој е голем играч и фрустрирачки е тоа што игра фантастичен фудбал, но преминува во друг клуб. Секогаш ни се случуваат исти работи. Уште еден голем играч го напушта клубот и заминува во друг кој не е ниту блиску голем како Арсенал. Не можам да верувам дека не успеаа да го задржат“, изјави Семан.

Дејвид Семан дресот на Арсенал го носеше од 1990 до 2003 година и во тој период освои 14 трофеи, три од нив беа шампион на Англија.

Вкупно легендарниот голман одигра 405 натпревари за Арсенал и важеше за еден од најдобрите голмани во Премиер лигата.

Неговата изјава дека Арсенал е поголем клуб од Јувентус сигурно нема да биде добро дочекана од страна на навивачите „старата дама“.

Семан во богатата кариера бранеше за уште неколку познати екипи, Кариерата ја започна во Лидс Јунајтед, а потоа настапуваше за Петерборн, Бирмингем и КПР.

Кариерата ја заврши во 2004 година како голман на Манчестер Сити, а голот на репрезентацијата на Англија го бранеше 75 пати, во 1996 година играше финале на Европското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Алегри сака да се врати во Милан

Масимилиано Алегри на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти Јувентус бидејќи раков…