Клаудио Маркизио изминатите години се стекна со статусот легенда на Јувентус, но наскоро најверојатно ќе се раздели со „старата дама“.
Маркизио оваа сезона добива се помала минутажа кај тренерот Алегри, а изоставањето во дербито против Торино ја прелеа чашата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Алегри го преферираше Стураро наместо Маркизио, па сопругата на Клаудио преку социјалните мрежи ја критикуваше таквата одлука.
Маркизио не е задоволен од својот статус во клубот, па на крајот на сезоната најверојатно ќе ја промени средината.
Италианските медиуми тврдат дека играчот за врска одбива да се пресели во друг клуб од Серија А, поради почит кон „бјанконерите“, па најверојатно ќе се пресели во САД.
„Спортмедиасет“ пренесува дека неколку клубови од МЛС лигата се интересираат за Италијанецот, кој е спремен да го напушти Јувентус и да се пресели во САД.