Славниот Љупко Петровиќ под чие водство Црвена Звезда стана европски шампион направил страшна сообраќајна несреќа на обиколницата во Белград откако на автопат возел во спротивна насока.
76-годишниот Петровиќ со својот „Мерцедес Б180“ возел во спротивен правец на обиколницата и директно се судрил со Шевролет Авео, а катастрофата можела да биде и поголема бидејќи неколку камиони успеале да го избегнат судирот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Петровиќ во судирот поминал со полесни повреди, двајцата возачи немале алкохол во крвта, меѓутоа на легендарниот тренер му се заканува сериозна постапка против безбедноста во сообраќајакот. Посебно затоа што полиција се обидела да го запре, но тој забрзал да им избега.
Во таа 1991 година Петровиќ го предводеше тимот на Звезда во кои беа Дарко Панчев и Илија Најдоски освојувајќи ја европската круна.