Прославениот пензиониран тенисер зборуваше за Роџер Федер како најдобар спортист во историјата на тенисот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Џон Мекинро во интервју за „Тенис ТВ“ со пофални зборови зборуваше за Роџер Федерер, го пофали и Надал, но за него Швајцарецот најдобар.
Роџер има 20 Грен слемови, додека Рафа 17 и Американецот смета дека тука е клучот за најдобар на сите времиња.
„Федерер констатно воодушевува голем број луѓе, вклучувајќи ме и мене. Кога ги гледате него и Рафа, Роџер е фаворит тој е најдобриот играч кој се занимавам со овој спорт“, изјави Мекинро.
Малце зачудувачки е што Мекинро воопшто не го спомна Новак Ѓоковиќ.
Федерер на Австралија Опен може да стигне до неговиот седми трофеј на овој турнир, што ќе биде вкупно 100-ти во неговата кариера. Поранешниот втор тенисер на светот, Тони Хас смета дека „стотката“ за Федерер е само прашање на време.
„Тоа е неверојатно, мислам дека тоа е само прашање на време. Ќе биде многу возбудливо за него, тој успех му е зад аголот“, јасен беше Хас.