Легендарниот Французин Џибрил Сисе има желба да биде повторно активен на терените и да заигра во својата татковина, а има и посебна причина за такво нешто.
Сисе од репрезентацијата се повлече во 2021 година, меѓутоа сега има желба да се активира од пензија затоа што му недостасуваат само четири гола за да стигне до бројката од 100 погодоци во Франција.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ми недостигаат четири гола за 100 во дресот на Франција. Ако има клуб кој е заинтересиран нека ме побара, ќе играм бесплатно. Имам чувство како да ми останала некоја работа незавршена.
Знам дека можеби не е пресудно, но живеам со тоа секој ден. Можеби звучи лудо, меѓутоа за мене ова станува опсесија“, порача Сисе.
До бројката од 96 гола во Франција Сисе стигна играјќи за Оксер, Бастија и Марсеј.