Дома Фудбал Легендарниот Пепе синоќа сруши рекорд во Лигата на шампионите

Легендарниот Пепе синоќа сруши рекорд во Лигата на шампионите

Фудбалерите на Порто победија со 2:0 против Ројал Антверпен, а на тој меч легендарниот Португалец Пепе испиша историја.

Во судиското надополнување, Франциско Консеикао нафрли во шеснаесетникот, а Пепе погоди за конечни 2:0.

Така со 40 години и 254 дена стана најстариот фудбалер кој постигнал гол во Лигата на шампионите.

Претходен рекордер беше Италијанецот Франческо Тоти, кој во 2014 година постигна гол во најсилното европско натпреварување со 38 години и 59 дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…