Дома Фудбал Англија Легендарниот и верен Габриел Агбонлахор кажа збогум на фудбалот

Легендарниот и верен Габриел Агбонлахор кажа збогум на фудбалот

Легендарниот напаѓач на Астон Вила одлучи да стави крај на кариерата на 32 години.

Поранешниот репрезентативец на Англија и вистинска легенда на Астон Вила, Габриел Агбонлахор се повлече од професионалното играње фудбал.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Агбонлахор остана без ангажман откако минатото лето се раздели со Вила после 17 години поминати во клубот од Бирмингем.

„Доколку некој како дете ми кажеше дека ќе одиграм скоро 400 лигашки натпревари и ќе бидам рекордер по бројот на голови за Астон Вила во Премиер лигата, капитен на таков голем клуб и репрезентативец на Англија искрено би му се насмеал во лице. Дојде време официјално да се повлечам од фудбалот и од сега ќе ја гледам Астон Вила како навивач. Им благодарам на сите навивачи и тренери со кои соработував, како и на моите фантастични поранешни соиграчи. Не ми паѓа на памет да преминам во друг клуб и да играм против Астон Вила. Тоа не би можел да го направам“, напиша фудбалерот на неговиот Инстаграм профил.

Агбонлахор ја помина младинската школа на Астон Вила и одигра 341 натпревар за сениорскиот тим од дебито против Евертон на 19 години во 2006 година постигна 75 голови за гигантот од Бирмингем. Астон Вила во текот на кариерата го испраќаше на позајмици во Вотфорд и Шефилд Вендсдеј.

Иако можеше да настапува за репрезентациите на Нигерија и Шкотска ја избра Англија за која запиша три настапи, против Германија, Шпанија и Белорусија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…