Дома Фудбал Лига на шампиони Легендарниот англиски судија даде мислење за картонот на Роналдо

Легендарниот англиски судија даде мислење за картонот на Роналдо

Најдобриот арбитар во светот за 2016 година, Марк Клатенбург го даде своето мислење за црвениот картон кој синоќа го добие Кристиано Роналдо против Валенсија во Лигата на шампиони.

Клатенбург смета дека одлуката Роналдо да биде исклучен е престрога и потврди дека ако тој го водел мечот ќе му дал жолти картони на Роналдо и другиот актер во ситуацијата, Муриљо.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Англискиот судија исто така смета дека ако Роналдо биде казнет со повеќе од еден меч исто така ќе биде престрого.

„Роналдо очигледно беше изневиран што Муриљо му ја стави раката на глава. Контактот беше многу мал и не знам како асистентот, кој беше на околу 20 метри, заклучи дека тоа е неспортско однесување“.

„Ако јас го судев овој меч ќе им покажев жолти картони на двајцата. Сметам дека Роналдо ќе биде казнет со еден натпревар, се останато ќе биде премногу тешка казна“, изјави Клатенбург.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Министерот на Италија незадоволен од одлуката за Ачерби: Го разбирам бесот…

Министерот за спорт на Италија, Андреа Абоди ја критикуваше одлуката на италијанската лига…