Јоаким Лев сигурно нема да може да смета на левиот бек.
Момчето кое се пробиваше кон репрезентацијата на Германија, Марсел Халстенберг ги повреди предните вкрстени лигаменти.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Лајпциг потврди дека, Халстенберг ќе мора на операција поради што сигурно нема да биде дел од Светското првенство.
Тој се пробиваше кон репрезентацијата, го започна натпреварот против Англија во октомври како лев бек, а имајќи предвид дека одлично го одигра првиот дел од сезоната, многумина очекуваа да биде дел од Мундијалот.
Сепак, се работи за сериозна повреда која сигурно ќе го одвои од теренот, па дури и од Светското првенство.