Дома Топ вести Левандовски добил понуда вредна 200 милиони евра

Левандовски добил понуда вредна 200 милиони евра

Се погласни се гласините дека полскиот фудбалер Роберт Левандовски на лето ќе ја напушти Барселона. Се шпекулираше дека како некогаш Луис Суарез може да потпише за Атлетико Мадрид, но како и за многу други европски ѕвезди опција е и Саудиска Арабија.

Како што пренесува шпанскиот портал „Мундо Депортиво“, Левандовски одбил понуда од 100 милиони евра по сезона од еден од водечките клубови во Саудиска Арабија на кој името не му се открива. Понудата била двегодишна соработка, па така полскиот напаѓач одбил можност да заработи 200 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Полјакот има договор со Барселона за уште една сезона, а доколку следната сезона 55 отсто од натпреварите ги одигра со 45 минути или повеќе, тој би можел да биде продолжен до 2026 година. Сепак, се чини дека Барса повеќе не смета толку сериозно на него, а бидејќи планира да продолжи да живее во Шпанија, Атлетико се наметнал како логичен избор…

Левандовски (35) и оваа сезона е најдобар стрелец на Барселона со 20 гола во сите натпреварувања, а прв зад него е Феран Торес кој постигна 11 гола, односно речиси двојно повеќе.

Тој се уште е активен во репрезентацијата на Полска, а откако Полјаците победија против Естонија во четвртокот навечер со 5:1 во полуфиналето од плеј-офот во Лигата на Нации утре против Велс ќе играат за пласман на Европското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Се огласи Клоп: Се радувам за клубот ако Слот е решението

Од моментот кога Јирген Клоп со видео порака го шокираше фудбалскиот свет, а осо…