Дома Фудбал Лига на шампиони Левандовски ваква лоша серија немал од 2011 година!

Левандовски ваква лоша серија немал од 2011 година!

Барселона победува, но играта засега е далеку од она што сакаат да го гледаат фанови.

Вчера на каталонците им се случи и пораз од Шахтјор во Лигата на шампионите, каде што Барселона сепак е лидер во групата и засега нема причини за грижи бидејќи им е потребен само еден бод во последните два натпревари да ја обезбедат нокаут фазата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Посебно разочарува и е во лоша форма Роберт Левандовски кој постигна шест гола на 13 натпревари сезонава и тоа е просек помал од 0.5 по натпревар.

Исто така Левандовски е во низа од шест натпревари без гол и тоа е негова најдолга серија без погодок уште од февруари 2011 година. Во Лигата на шампионите, Левандовски се уште нема гол за Барселона на гостински терен, последниот го постигна кога како играч на Баерн гостуваше на Динамо Киев во 2021 година.

Сезонава полскиот напаѓач постигнуваше голови против Осасуна, Виљареал, Бетис, Антверпен и Селта (два).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

И донесе финале на Борусија во ЛШ, но тоа може да не биде доволно да остане?!

Един Терзиќ направи голем успех со пласманот на Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на…