Дома Останати Кошарка Леброн најбрзо до 29.000 поени – Нов рекорд на „кралот“!

Леброн најбрзо до 29.000 поени – Нов рекорд на „кралот“!

james

Кошаркарот на Кливленд, Леброн Џејмс стана најмладиот играч во историјата на НБА кој успеал да стигне до бројката од 29.000 поени.

Најдобриот играч на денешницата одигра монструозен натпревар против Вашингтон Визардси и постигна неверојатни 57 поени, запиша 11 скокови и седум пати асистираше.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Џејмс од игра шутираше фантастични 67.6% односно 20/21 за два поени 2/4 за три поени.

„Работам на себе секој ден, а сите шутеви кои ги погодив се токму оние на кои работев, посебно посветив внимание на шутевите од свртување. Како што растев како играч, секогаш се обидував да останам дисциплиниран при изборот на шутев“, изјави Леброн по натпреварот.

Неговиот соиграч Двејн Вејд истакан дека Џејмс секогаш сака да додава, но овој почуствувал дека никој не може да го чува.

„Секогаш луѓето се прашуваат зошто не игра вака секоја вечер.  Леброн секогаш гледа ако може да додаде прво, неговиот стил е таков. Меѓутоа, вечерва тој знаеше дека никој не може да го чува. Одигра навистина перфектно“, изјави Вејд.

Џејмс кој во декември наполни 33 години, стана најмладиот играч кој стигна до бројката од 29.000 поени и доколку продолжи во ваков ритам наскоро ќе ја помине и бројката од 30.000 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

„Гобари“ ефорично ги пречекаа хрватските легенди Кукоч и Раџа🎥

Легендарниот кошаркарски тандем, Тони Кукоч и Дино Раџа се специјални гости на Партизан на…