Дома Останати Кошарка НБА Леброн го сруши Кливленд со 46 поени, Јокиќ се радуваше против Дончиќ, нов трип-дабл за Словенецот 🎥

Леброн го сруши Кливленд со 46 поени, Јокиќ се радуваше против Дончиќ, нов трип-дабл за Словенецот 🎥

Koшаркарите на ЛА Лејкерси изминатата вечер го победија Кливленд со 115:108, одличен натпревар одигра Леброн Џејмс.

Џејмс и тоа како беше расположен против својот поранешен клуб и ги водеше Лејкерси до нова победа. Лејкерси од самиот почеток имаа предност и беше јасно дека Кливленд тешко ќе го избегне поразот. На крајот актуелниот шампион славеше со 115:108. Најзаслужен за оваа победа беше Леброн Џејмс кој мечот го заврши со 46 поени, осум скокови и шест асистенции. Се истакна и Ентони Дејвис со 17 поени и 10 скокови. Кај Кливленд најефикасен беше Андре Драмонд со 25 поени и 17 скокови.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Одличен натпревар одиграа Денвер и Далас, славеше Денвер со 117:113. Денвер до победата беше предводен од Мајкл Портер со 30 поени, доодека Никола Јокиќ уфрли 20 поени и додаде уште 10 скокови и 4 асистенции.

Во екипата на Далас повторно одличен беше Лука Дончиќ, но тоа не беше доволно неговиот тим да го избегне поразот. Словенецот натпреварот го заврши со нов трипл-дабл од 35 поени, 16 асистенции и 11 скокови.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Деторит – Филаделфија 119:104, Индијана – Торонто 129:114, Орландо – Шарлот 117:108, Бруклин – Мајами 98:85, Кливленд – Лејкерси 108:115, Далас – Денвер 113:117, Чикаго – Бостон 103:119, Голден Стејт – Минесота 130:108, Портланд – Оклахома 122:125.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Милан во пол-позиција за новата холандска ѕвезда

Најголемите италијански клубови покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа З…