Дома Останати Кошарка НБА Леброн ги „извади“ Лејкерси, Дончиќ блескаше против Атланта, Јокиќ скромен

Леброн ги „извади“ Лејкерси, Дончиќ блескаше против Атланта, Јокиќ скромен

ЛА Лејкерси потешко од очекувањата после едно продлжение ја совлада Оклахома со 114:113, клучната улога ја имаше Леброн Џејмс.

Леброн поистигна тројка за изедначување во регуларниот дел од средбата (105:105), покрај тоа и го спречи противникот во последниот напад. Мечот „кралот“ го заврши со 25 поени, на спротивната страна толку постгигна Ал Хорофорд.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Далас се враќа во посакуваниот ритам и дојде до третата победа во низа. Маверикс ја совладаа Аталанта со 118:117. Лука Дончиќ имаше блескав настап со учинок од трипл-дабл (28 поени, 10 скокови, 10 асистенции).

Бруклин по три неуспеси конечно дојде до победа. Нетси славеа против Индијана со 104:96. Кајри Ирвинг уфрли 35 поени, а одличен беше и Харден со 19 поени и 11 скока.

Денвер славеше против Кливленд со убедливи 133:95 во меч во кој Никола Јокиќ имаше скромен учинок од 12 поени и 12 скокови.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Мемфис-Шарлот 130-114, Вашингтон-Торонто 115-137, Минесота-ЛА Клиперс 112-119, Феникс – Милвоки 125-124, Чикаго – Њу Орлеанс 129-116, ЛА Лејкерс-Оклахома сити 114-113, Бруклин-Индијана 104-94, Далас-Атланта 118-117.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…