Марк Кукурела, млад шпански репрезентативец кој со 19 години дебитираше во првиот тим на Барселона во куп натпреварот против Мурсија.
Кукурела е нов продукт на школата на Барселона, „Ла Масија“. Со 13 години пристигнал од Еспањол и веднаш бил етикетиран како идна ѕвезда. Роден е во малиот град Атела во Каталонија и игра на позицијата лев бек, па во Барса во него гледаат како можна замена за Жорди Алба.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Договорот кој Кукурела го потпиша ова лето е само доказ дека во Барселона сериозно сметаат на него. Откупната клаузула изнесува 12 милиони евра, а доколку го продолжи договорот кој трае до 2021 година, отштетата ќе порасне на 30 милиони евра.
Интерес за младиот Шпанец веќе покажаа неколку звучни европски клубови, како Манчестер Јунајтед и Дортмунд, но Барса не сака ни да слушне да се откаже од него.
„Ова се посебни моменти за мене и моето семејство, дебитирав за најдобриот клуб на светот. Тоа е причина да продолжам напорно да тренирам“, изјави Марк после дебито.
Повеќе од 20 млади фудбалери дебитираа за Барса во изминатите пет години, меѓу кои Мунир, Сандро Рамирез и Масип. Бројките велат дека Барселона верува во младите фудбалери, но последните години производството во „Ла Масија“ застана. Клубот веќе долго ги чека новите Иниеста и Меси од својата лабараторија, а медиумите тврдат дека Кукурела е на добар пат.
Барселона во последно време се сврти кон други начини на снабдување со фудбалери. Примерите на Мунир и Сампер тоа го потврдуваат. Двајцата започнаа од фудбалската школа, но Сампер беше испратен на позајмица, а на негово место пристигна Андре Гомеш. Мунир замина во одбратен правец, а за 30 милиони евра во Барса пристигна Пако Алкасер, кој се покажа како големо промашување.
„Идеологијата на клубот не е каква што беше некогаш“, изјави еден поранешен тренер на Барселона.