Дома Фудбал Ла Лига донесе одлука за жалбата на Белингам

Ла Лига донесе одлука за жалбата на Белингам

Eден од најдобрите фудбалери на Реал Мадрид, Џуд Белингам ќе ги пропушти следните два натпревари на својот клуб во шпанскиот шампионат.

Ла Лига ја одби жалбата на Реал Мадрид откако англискиот репрезентативец беше исклучен поради приговор во ремито против Валенсија на „Местаља“.

Белингам тогаш постигна гол за 2:3, но судијата Хесус Хил Манзано означи крај на натпреварот само некоја секунда претходно.

Следеа жестоки протести, а наводно во протестите офанзивниот играч за врска и го навредил арбитрот, па заслужено добил црвен картон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Халанд размислува за заминување од Сити? Барселона е меѓу посакуваните дестинации

Шпански медиум тврди дека Норвежанецот ја преиспитува иднината во Манчестер сити, но негов…