Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас денес и официјално го комплетираше трансферот во Лајпциг.
Германскиот клуб го потврди доаѓањето на македонскиот „дијамант“ за кого му платија 25 милиони евра на Наполи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
24-годишниот македонски фудбалер потпиша договор до јуни 2028 година и ќе го носи дресот со бројот 6. Како што соопштија од Лајпциг, македонскиот дијамант на новиот тим на тренинзите ќе му се приклучи на 2 јануари во тренинг кампот Ла Манга.
„Преселбата во Бундеслигата и приклучувањето на тим како Лајпциг ее сигурно остварување на еден сон за мене. Клубот е познат по посебниот фудбал кој го практикува, со силен пресинг, активно темпо и силен напад. Сето тоа е нешто кое максимално ми одговора и го посакувам во играта. Затоа преселбата во Лајпциг е вистинскиот чекор за мене и со нетрпение очекувам да се сретнам со сите во јануари“, истакна Елмас.
🚨 Eljif Elmas will join RB Leipzig from January 2024! ✍️
— RB Leipzig English (@RBLeipzig_EN) December 27, 2023
Welcome to the club, Eljif! 🔴⚪️