Јувентус и Лацио спремаат размена на играчи во јануари, пренесуваат италијанските медиуми.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тренерот на Лацио, Маурицио Сари не е задоволен од однесувањето на Луис Алберто, па му порачал дека слободно може да си бара нов клуб.




Лацио за неговата слобода бара најмалку 40 милиони евра, а тоа е сума која никој од заинтересираните клубови не е спремен да ја плати.




Во слична ситуација се наоѓа и Јувентус, кој сака по секоја цена да се ослободи од Артур во зимскиот преоден рок.




Артур пристигна во Јувентус како скапо платено засилување, но никогаш не ги оправда очекувањата.
Поради тоа „Спортмедиасет“ тврди дека двата клуба започнале преговори за трампа на двајцата фудбалери.