Чиро Имобиле во овој момент е најдобриот фудбалер на Лацио, можеби и човекот кој е во најдобра форма во Европа во овој момент.
Имобиле ја игра најдобрата сезона во кариерата, во последното коло од италијанското првенство во дербито против Лацио постигна два погодоци и веќе стигна до бројката од 11 погодоци во Серија А.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Поради ова секако дека за неговите услуги постои огромен интерес, па токму поради тоа управата на Лацио му спреми и нов договор.
Според информациите кои ги пренесуваат италијанските медиуми, Чиро Имобиле наскоро сегашниот договор кој има важност до 2021 година би можел да го продолжи на дополнителни две години.
Значи, би можел да остане во клубот се до 2023 година. Сепак, со тоа и би се зголемила неговата цена на трансфер пазарот која и онака е висока.