Дома Трансфер зона Лаутаро Мартинез потврди дека се сели во Интер

Лаутаро Мартинез потврди дека се сели во Интер

Новата ѕвезда на аргентинскиот фудбал, Лаутаро Мартинез потврди дека преговорите за негов трансфер во милански Интер се при самиот крај.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Напаѓачот на Расинг игра фантастична сезона и беше посакуван од многу европски гиганти, но Интер беше најбрз и ја победи конкуренцијата.

Лаутаро Мартинез доби повик за аргентинската репрезентација и се очекува да дебитира против Италија, а самиот потврди дека е на чекор од трансфер во Интер.

„Скоро се со Интер е договорено. Отануваат само уште неколку детали, но кога ќе се вратам од репрезентативните обврски ќе се сретнам со претседателот да го комплетираме трансферот. Во моментов сум 100% насочен кон натпреварите на Расинг, а од лето ќе мислам за Интер“, изјави Мартинез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…