Дома Фудбал Италија Лукаку: Кога прв пат го видов Лаутаро му кажав – за две години ќе освоиме трофеј!

Лукаку: Кога прв пат го видов Лаутаро му кажав – за две години ќе освоиме трофеј!

Денес се игра дербито во Серија А помеѓу Јувентус и Интер, овој натпревар е од огромна важност за „старата дама“.

Интер веќе го обезбеди Скудетото, додека на Јувентус му „гори под нозе“ и нема право на кикс во борбата за место во топ 4 и излез во Лигата на шампионите. Пред овој натпревар за медиумите зборуваше напаѓачот на Интер Ромелу Лукаку, кој е еден од најзаслужните за освоенто Скудето на „нероаѕурите“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Патот до Скудетото започна против Сасуоло. Го променивме нашиот начин на игра и бевме покомпактни, Лаутаро и Санчез играа, а јас бев на клупата. Но знаев дека тимот е обединет, пред нас беа дуели со Милан, Аталанта и Лацио. Покажавме дека сме посилни, победивме на повеќе натпревари против директните ривали отколку минатата сезона“.

Зборуваше Лукаку и за партнерството со Лаутаро.

„Кога прв пат го видов Лаутаро беше заедно со неговиот татко. Тогаш му кажав за две години ќе освоиме некој трофеј заедно. Одлично се сложуваме на теренот, ако видам дека е во подобра позиција секогаш го барам него, едноставно работиме како тим“, изјави Лукаку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барселона се засилува со ѕвездата на Манчестер Сити!?

Бернардо Силва е голем фан на Барселона, каде впрочем живее и дел од неговото семејство, а…