Дејан Георгиевски денес стигна до финалето на Олимписките игри каде што се бореше против најдобриот во оваа категорија Владислав Ларин.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Првата борба како и претходните Георгиевски ја започна претпаливо и таа заврши во корист за Ларин со 2:0.
Во втората рунда се отворија и Георгиевски и Ларин, па видовме удари и на двете страни. Русинот имаше предност од 9:5, а на три секунди пред крајот на оваа рунда Георгиевски со удар со нога намали на 9:7. Со тој резултат се влезе во завршната трета рунда.
На стартот од третата рунда Ларин дојде до 10:7. Во последната минута Георгиевски заостануваше 10:8 и токму во тие моменти дојде еден удар во глава за 13:8. Тоа веројатно и беше одлучувачкиот момент, до крајот Русинот само ја зголеми предноста на 15:8.
Секако дека и овој сребрен медал е голем успех за момчето од Бутел.