Дефанзивецот на Манчестер Сити, Емерик Лапорт сака да го напушти англискиот шампион, пренесува „АС“.
Барселона и Реал Мадрид покажуваат силен интерес за Лапорт, но Каталонците се во тешки финансиски услови и неможат да ја платат сумата која ја бара Сити за неговата слобода.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Поранешниот дефанзивец на Билбао одигра одлично на Европското првенство и сака да се врати во Шпанија.
Во Сити го изгуби првотимскиот статус и побарал од раководството да му биде дозволен трансфер.
„Граѓаните“ за неговиот потпис платиија 65 милиони евра, па не сакаат да го пуштат за помалку од 50 милиони евра.