Дома Фудбал Лапорта ја нападна УЕФА и ПСЖ

Лапорта ја нападна УЕФА и ПСЖ

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта истакна дека проектот за Суперлигата не е мртов и тоа натпреварување наскоро ќе биде најсилно во светот.

Лапорта истакна дека многу клубови излегле од натпреварување бидејќи биле под закана на УЕФА.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Проектот веќе не постои во овој формат, ама проектот е жив и јас инсистирам, а бараме да влеземе во дијалог со УЕФА за да се решат сите проблеми. Но, ние немаме намера да ѝ се извиниме на УЕФА зашто сакаме да организираме едно натпреварување. Нема да ѝ кажеме ‘извини’ на УЕФА зашто сакаме сами да си ја кроиме судбината. Најмалку до тогаш додека сум јас претседател. УЕФА ни се закануваше со парични казни, со суспензии од ЛШ, а времето покажа дека сме во право“, истакна Лапорта, а потоа го нападна ПСЖ.

 Каква коинциденција е што одреден клуб во државна сопственост кој одби да влезе во Супер лигата, инвестира како никогаш досега. Каква коинциденција е што можат во овој период да понудат двојно поголеми плати на фудбалерите“, изјави Лапорта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…