Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта не се откажува од намерата да го донесе Алваро Мората, иако задачата е тешка и е во трка со времето.
Како што е познато, после доаѓањето на Душан Влаховиќ Јувентус му ја отвори вратата и е спремен да го пушти Мората, кој е на позајмица од Атлетико Мадрид.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Барселона сака да го донесе на „Камп Ноу“, но не може да најде заеднички јазик со Атлетико. Шпанските медиуми пренесуваат дека „јорганџиите“ не сакаат да се откажат и дека ќе сметаат на Мората за наредната сезона кога заминува Луис Суарез.
Барселона сака да го донесе на позајмица со право на откуп на лето, па претседателот Лапорта денес слета во Мадрид на финални преговори со Атлетико.
Засега двата клуба се далелу од договор, но Барселона прави се што е во незина моќ за да го финализира трансферот до крајот на преодниот рок.
💣¡¡EXCLUSIVA de @10JoseAlvarez y @Francisco_Buyo!!💣
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) January 28, 2022
🚨"LAPORTA estuvo AYER en MADRID por la operación MORATA"
🚨"El BARÇA está poniendo TODO de su parte para FICHARLE" pic.twitter.com/XydWCXA9TV