Првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта има целосна доверба во Чави Ернандез и покрај тоа што резултатите на Барселона не се на ниво на кое се очекува.
Сезонава Барселона игра променливо, па често се шпекулира дека Чави може да добие отказ. Сепак, Лапорта тврди дека клубот има целосна доверба во Чави.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Раководството на клубот има доверба во Чави, тој го заслужува тоа.
Чави е одличен тренер и ги заштитува своите играчи и односот помеѓу нас е одличен. Ако се погледнат статистичките категории сезонава, тие се многу добри“, изјави Лапорта.