Дома Фудбал Лапорта: Се надеваме дека Дембеле до крајот на сезоната ќе го промени мислењето

Лапорта: Се надеваме дека Дембеле до крајот на сезоната ќе го промени мислењето

Осман Дембеле вчера со својот настап против Атлетик Билбао ги воодушеви навивачите на Барселона. Каталонците забележаа победа од 4:0, а Дембеле за нешто повеќе од 20 минути на теренот забележа гол и две асистенции.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Подолго време е познато дека Дембеле не е во најдобар однос со клубот. Со оглед дека му завршува договорот на крајот од сезоната и дека ги одби понудите Барселона сакаше да го продаде, меѓутоа Французинот одлучи да остане.

Чави и покрај се му даде шанса и сега веќе се пишува дека може да остане, а во таква насока е и последната изјава на Лапорта.

„Дембеле знае каква е нашата понуда и знае дека сакаме да остане со нас. Се надеваме дека до крајот на сезоната ќе го промени мислењето и ќе ја прифати понудата“, изјави Лапорта после средбата против Билбао.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алонсо означи еден фудбалер како недопирлив во Челси

Доаѓањето на Чаби Алонсо на клупата на Челси веќе донесе први јасни чекори во врска со пла…