Дома Топ вести Лапорта: Ова е најголема кампања против Барселона, но имам лоши вести за тие во Мадрид

Лапорта: Ова е најголема кампања против Барселона, но имам лоши вести за тие во Мадрид

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта уште еднаш истакнал дека случајот „Негреира“ е создаден за дискредитација на шпанскиот клуб.

Тој зборуваше пред „социосите“ на клубот и испрати јасна порака до најголемиот ривал, Реал Мадрид.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Историјата на Барса не смее да биде извалкана, не смееме и нема да дозволиме такво нешто. Алудирам на најжестокиот напад во историјата на клубот, се работи за досега невидена кампања за дискредитација, тоа е нешто што не смееме да го дозволиме“, изјави Лапорта.

„Имам лоши вести за оние од Мадрид. Ќе го повториме успехот на најдобрата Барса досега. Реал Мадрид не се забавуваше добро за време на мојот прв мандат и замислете како се чувствуваат кога ќе видат нова Барса за неколку години – тим кој ќе биде сè подобар и подобар и истиот претседател поради кој лошо си поминуваше ривалот“, додаде Лапорта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Екс-голманот на Вардар, Арпад Штербик имал срцев удар

Ракометниот тим на Веспрем објави дека екс-голманот Арпад Штербик нема да биде со тимот за…