Откако Јувентус го промени раководството, Реал Мадрид и Барселона останаа да бидат клубовите кои најмногу се залагаат за формирање на Суперлигата.
Суперлигата неодамна го доби спорот со УЕФА која повеќе нема право да ги санкционира клубовите кои ќе учествуваат, а сега претседателот на Барселона објави 15 клубови кои прифатиле да учествуваат.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Покрај секако Барселона и Реал Мадрид тука се: Интер, Милан, Рома, Наполи, Бенфика, Спортинг, Порто, три клуба од Холандија, Андерлехт и Клуб Бриж. На списокот нема клубови од Премиер лигата, за нив не ме интересира, тие си имаат своја Суперлига и се вика Премиер лига.
Го нема ниту ПСЖ затоа што неговото раководство има важна улога во УЕФА. Верувам дека ако Суперлигата не започне оваа сезона, ќе започне во сезоната 2005/2006“, изјави Лапорта.