Чави Ернандез стана веќе и официјално е нов тренер на Барселона.
И Барселона во текот на изминатата ноќ го потврди ангажманот на клупската легенда. Чави пред новинарите се очекува да биде претставен во понеделник.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Делегацијата на Барселона во претходните денови успеа да се договори со Ал Сад, но работите не одеа лесно. Тоа го потврдува и новинарот Хави Мигел кој тврди дека Лапорта можел да направи скандал.
„Гледајќи како течеа преговорите со шеикот може подобро ќе беше Лапорта да останеше во Барселона. Лесно се можеше да заврши дури и со топеачка и клубот можеше да остане без Чави“, изјави Мигел.
Tal como han ido las negociaciones con el jeque casi mejor que no haya viajado Laporta porque aun hubieran acabado a gorrazos y Xavi quedandose en Qatar
— Javi Miguel Club (@fansjavimiguel) November 5, 2021
Со Барселона Чави потпиша договор до 2024 година.