Дома Фудбал Останато „Лапорта ми кажа дека Меси ќе остане, а следниот ден си замина“

„Лапорта ми кажа дека Меси ќе остане, а следниот ден си замина“

Поранешниот тренер на Барселона, Роналд Куман зборуваше за неговиот период во Барселона и откри како Меси на неславен начин си заминал од Барселона.

Меси поради финансиските проблеми на Барселона мораше да го напушти клубот во 2021 година. Сега, Куман во интервју откри дека претседателот Лапорта го излажал за иднината на аргентинскиот фудбалер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Лапорта ме излажа. Разговаравме и го прашав за Меси дали ќе остане, ми одговори „да ќе остане“. Следниот ден Меси си замина.

Дефинитивно не заслужи на таков начин да замине. Многу работи во Барселона беа против мене. Тешко е кога претседателот се сомнева во вас, би се вратил кога би имал шанса“, изјави Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…