Дома Фудбал Лапорта им соопшти одлични вести на навивачите

Лапорта им соопшти одлични вести на навивачите

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта зборуваше за финансиската состојба во клубот.

Барселона се уште се соочува со огромни долгови од околу неколку стотици милиони евра, кои се направија во периодот кога на чело на клубот беше Хосе Марија Бартомеу. Лапорта вели дека ситуацијата би можела да се подобри во следниот период.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Кога пристигнав, не можев да си ја исплатам платата за мај. Бевме речиси мртви. Од нашето доаѓање успеавме да го заживееме клубот, го реструктуиравме клубот и неговиот долг.

Акционерите вложуваат пари, што не е можно за клуб како нашиот. Но, се разбира, клубот никогаш нема да му припадне на трет сопственик.

Ние не сме одговорни за минатото управување. Ги имаме тие економски понуди кои се опции за подобрување на економската состојба, да останеме сопственици на клубот.

Можам да најавам дека во четврток, доколку гласате за, ќе ги пуштиме овие економски понуди. Тоа значи дека ќе имаме позитивна нето сума, ќе имаме нормален коефициент на долгот и ќе можеме да правиме трансфери. Важно е да се останеме конкурентни.

Една година по нашето враќање, ви велам – Барселона е силна. Клубот има огромна моќ да привлече капитал, инвеститорите го задржуваат нашиот модел на сопственост. Доколку нашиот партнер ни дозволи да ги активираме овие две економски понуди, ќе бидеме во ред“, изјави Жоан Лапорта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …