Дома Топ вести Лапорта има рок до утре да обезбеди банкарски гаранции, или нема да биде претседател на Барселона

Лапорта има рок до утре да обезбеди банкарски гаранции, или нема да биде претседател на Барселона

Банкарската гаранција од 125 милиони евра (15% од буџетот), која му е неопходна на Жоан Лапорта за да стапи на должност претседател на Барселона, продолжува да биде проблем бидејќи рокот истекува во среда.

Неколку дена после победата на изборите Лапорта имал средба со Жуаме Жиро, кој е потпретседател за економските прашања за да побара таква гаранција, која ќе му овозможи официјално да ја преземе должноста.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Лапорта го знаеше ова и тврдеше дека навреме ќе приложи гаранција, но планот му беше финансиската инјекција да ја добие од една компанија, но преговорите вчера биле прекинати, и не се продолжени денеска. 

Поради тоа Лапорта денес ќе има средби со други бизнисмени за да ја обезбеди потребната сума. Наводно му недостасуваат уште 70 милиони евра, што е навистина сериозна сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Владата побара да запре изградбата на стадионот во Тетово, градоначалникот Касами одбива!

На вчерашната седница Владата донесе одлука да се запре изградбата на стадионот во Тетово …