Барселона се наоѓа во тешка финансиска криза и клубот должи повеќе од милијарда евра.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Покрај финансиските проблеми Барселона бележе и слаби резултати од почетокот на сезоната, па претседателот Лапорта сака значително да го засили тимот, но има лимитиран буџет.
„Мундо Депортиво“ пишува дека Барселона ќе се обиде да доведе пет играчи следното лето и тоа бесплатно. Каталонскиот клуб следи играчи чии договори истекуваат на крајот на сезоната.
Наредното лето, бес обесштетување Челси ќе можатд а го напуштат Цезар Аспиликуета и Антонио Ридигер, а во иста позиција ќе биде и Пол Погба од Манчестер Јунајтед.
Покрај Аспиликуета, Ридигер и Погба, Барса е заинтересирана и за голманот на Ајкас, Андре Онана и играчот за врска на Милан, Франк Кеси.
На истиот начин летово Барселона ги доведе Серхио Агуеро, Мемфис Депај и Ерик Гарсија.