Дома Топ вести Лапорта за случајот со навивачите: Невидено и срамно!

Лапорта за случајот со навивачите: Невидено и срамно!

Вчера Барселона изгуби со 2:3 од Ајнтрахт Франкфурт и така го заврши својот настап во Лигата на Европа. Покрај резултатот она што е во фокусот по овој натпревар се навивачите на германскиот тим кои на трибините ги имаше околу 30.000, а клубот официјално доби 5.000 влезници.

Чави по натпреварот порача дека Барселона отворила истрага како толку навивачи на Франкфурт успеале да бидат на трибините, а за овој случај се огласи и првиот човек на Каталонците Жоан Лапорта.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Срамота, не смее да се повтори! Имаме повеќе информации што е причината за ова што се случи, но ќе ни треба време за се да процесираме и разгледаме. Кога ќе се знае што точно се случило ќе бидат превземени мерки, а и јавноста ќе добие објаснување. Тоа што се случи на овој натпревар е невидено и срамно“, изјави првиот човек на Каталонците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …