Претседателот на Барселона Жоан Лапорта закажа прес-конференција за медиумите по повод случувањата минатиот четврток во натпреварот против Ајнтрахт Франкфурт во кој тимот беше елиминиран од Лигата на Европа.
Освен елиминацијата на Барселона по тој дуел многу се зборуваше и за ситуацијата со навивачите и присуството на дури 30.000 навивачи на клубот од Германија на трибините на „Камп Ноу“. Детали со ваквиот пропуст утре ќе објави првиот човек на клубот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лапорта претходно најави дека клубот ќе ги казни навивачите кои ги препродавале билетите, затоа што тешко дека Германците имале друг начин да најдат влезници за овој натпревар.
„Тоа што се случи вечерва е срамно. Не смее никогаш да сењ повтори. Имаме многу информации што се случувало, потребно ќе ни биде време да поминеме преку тоа. Како навивач на Барселона се чувствувам засрамено од она што се случи“, изјави тогаш по натпреварот Лапорта.