Дома Фудбал Лапорта дели откази во Барселона!

Лапорта дели откази во Барселона!

Жоан Лапорта очигледно сака максимално да ги промени работите со цел да се поправи ситуацијата во клубот.

Покрај промената на тренерската позиција, во Барселона се менуваат и други позиции. Шпанските медиуми денес објавија дека Лапорта одлучил да го отпушти Феран Лопез кој беше на позицијата шеф на обезбедувањето на „Камп Ноу“. Лопез добил отказ поради неколку пропусти.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Клучната работа кога Лапорта се решил да го отпушти се случила кога пред неколку недели група навивачи на Барселона тргнаа по автомобилот на Куман и го навредуваа. Таквото однесување Лапорта жестоко го осуди.

Според Лапорта Лопез бил главниот виновник затоа што обезбедувањето не си ја работело работата како што треба. Се додава и дека Лопез чесот пати доцнел на работа, а не одговарал и на некои повици.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти откри каква е повредата на Мбапе

Килијан Мбапе го постигна првиот гол за Реал Мадрид во победата над Аталанта 3:2 во шестио…