Барселона и Манчестер Сити на 24 август ќе одиграат хуманитарен натпревар за да помогнат во борбата против амиотрофичната латерална склероза.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта и менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола одржаа заедничка пресконференција, а Лапорта истакна дека тој дуел воопшто нема да биде пријателски.




„Барселона против Манчестер Сити воопшто нема да биде пријателски натпревар. Го победивме Реал Мадрид со 4-0, а сега сакаме да го победиме и шампионот во Премиер лигата. Имаме пријатели во нивниот тим, но сакаме да победиме“, изјави Лапорта.