Барселона го договори првото засилување за следната сезона, а станува збор за дефанзивецот на Манчестер Сити, Ерик Гарсија.
Ерик Гарсија е продукт на школата „Ла Масија“, но пред три години реши да ја напушти Барселона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Дефанзивецот одби да го продолжи договорот со Сити, па на лето како слободен агент ќе се пресели во Барселона.
Каталонските медиуми пренесуваат дека Гарсија постигнал договор со Барселона за 5-годишна соработка и веќе потпишал преддоговор.
Младиот дефанзивец ќе биде првото засилување во ерата на новиот претседсател, Жоан Лапорта.
Man City defender Garcia agrees five-year contract at Barcelona https://t.co/6lS4A9alel
— footballespana (@footballespana_) March 24, 2021