Изгледа како што минува времето во Барселона се помалку веруваат дека Меси ќе се врати во Каталонија, Аргентинецот во овој момент е веројатно е поблиску до трансфер во Сауидка Арабија.
Ако во претходните недели Лапорта беше гласен и во јавните настапи со голем оптимизам зборуваше за враќањето на Меси, повеќе и тој не е така сигурен.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Ќе видиме, тешко е. Ние правиме се што можеме, но не знам дали тоа ќе биде доволно“, изјави Лапорта за каталонскиот „Спорт“.
Нема сомневање дека кај Меси постои желба да се врати во Барселона, меѓутоа најголем проблем е финансиската состојба која се уште не е решена во каталонскиот гигант..
Покрај Ал Хилал од Саудиска Арабија се споменува и Интер Мајами на Дејвид Бекам.