Дома Фудбал Лапорта: Би сакал да објавам дека Меси останува, но не можам

Лапорта: Би сакал да објавам дека Меси останува, но не можам

Од денес големата ѕвезда на Барселона, Лионел Меси е слободен агент, откако му заврши договорот со каталонскиот клуб.

И покрај тоа претседателот на Барселона, Лапорта е спокоен и верува дека двете страни наскоро ќе се договорат за продолжување на соработката.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тој е убеден дека Аргентинецот ќе остане на „Камп Ноу“, но вели дека се уште не може да ја објави таа информација.

Преговорите помеѓу двете страни продолжуваат, а се очекува новиот договор да биде потпишан по завршувањето на Копа Америка.

„Ние сакаме да остани, Лео сака да остане. Тоа што треба да го решиме е прашањето на финансискиот фер-плеј. Се наоѓаме во процес на барање на најдоброто решение. Би сакал да можам да објавам дека Меси останува, но се уште не можам“, изјави Лапорта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…