Тренерот на Челзи, Френк Лампард вчера можеше да биде многу задоволен, бидејќи неговиот тим го победи Ајакс во Лигата на Шампионите со 1:0 и тоа на гости.
По натпреварот младиот стратег изјави дека неговите бебиња пораснале во Амстердам, алудирајќи на тоа дека младиот тим на Челзи одигра многу искусен натпревар.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Пресреќен сум од секој елемент на нашата игра. Имаме причина да славиме поради тоа. Моите момци беа бебиња во Лигата на Шампионите, ова беше голем тест за нив и мислам дека пораснавме. Одигравме одлично против врвна екипа. Сега поставивме стандард под кој не смееме да идеме“, изјави Лампард.
Челзи во последно време игра одлично на сите фронтови, па екипата од „Стемфорд Бриџ“ синоќа ја запиша шестата победа во низа. Следниот натпревар за Сините од Лондон е против Барнли во рамките на 10. коло од Премиер лигата.