Дома Трансфер зона Лампард има нова мета, но ќе плати ли Челзи 100 милиони евра?

Лампард има нова мета, но ќе плати ли Челзи 100 милиони евра?

Aнглиските медиуми најавуваат дека Челзи во зимскиот преоден рок ќе тргне во голем шопинг откако спортскиот суд во Лозана му ја укина забраната за регистрирање играчи.

Роман Абрамович сака да го засили тимот кој Френк Лампард го води одлично. Според она што се најавува една од најважните мети ќе биде Вилферд Заха од Кристал Палас. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска на „Стенфорд Бриџ“ го гледаат како идеална замена за Вилијан и(или) Педро. Меѓутоа ако Челзи сака да го доведе ќе мора да го сруши клупскиот рекорд.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Заха минатото лето беше пред заминување од Палас, се очекуваше дека ќе потпише за Арсенал или Евертон. На крајот остана затоа што ниту еден клуб не успеа да се договори со Палас за висината на ошетата.

Со оглед на тоа дека Заха со Кристал Палас има договор со 2023 година, клубот за него може да бара висока оштета. Наводно оној клуб кој сака да го доведе Заха ќе мора да плати 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид го враќа Тео Хернандес

Реал Мадрид сака на лето да го врати во своите редови левиот бек на Милан, Тео Хернандес, …