Поранешниот тренер на Челзи, Френк Лампард наводно е спремен да започне преговори за преземање на шкотскиот гигант Глазгов Ренџерс.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ренџерс неодамна го отпушти Мајкл Бил по слабите резултати од почетокот на првенството. Тимот во овој момент е предводен од Стивен Дејвис кој е привремено решение и ќе биде на клупата и денеска против Арис Лимасол.
Лампард последниот ангажман го имаше во Челзи во финишот од сезоната, а претходно беше тренер и на Евертон и Дерби Каунти.
Покрај Лампард, кандидат за клупата на гигантот од Глазгов е и Кевин Мускат кој го води јапонскиот тим, Јокохама Маринос.