Селекторот на Македонија, Кире Лазаров беше гостин во отвореното студио на МТВ и даде целосен осврт на настапот на ракометарите на Европското првенство.
Лазарв потенцираше дека нереално е да се очекува победа над Франција и Германија и дека со победата над Швајцарија сме ја оствариле целта на ЕП.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ние одевме на победа и против Франција и Германија, но не беше реално да се случи изненадување. Играш колку што ќе ти дозволат. Французите се преквалитетни, олимписки прваци, а Германија е домаќин кој многу вложи. На тие два меча повеќе ротиравме за да се задржи свежината за третиот меч. Знаевме дека шансата ни е Швајцарија која воопшто не е слаб тим. Не ги посакувам нив да ни паднат во баражот за СП“, рече Лазаров.