Дома Македонски спорт Лазаров пред Веспрем: Вакви натпревари не се играат секој ден

Лазаров пред Веспрем: Вакви натпревари не се играат секој ден

Вечерва со почеток од 20:45 часот екипата на Нант ќе биде домаќин на Веспрем во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Македонскиот селектор пред овој натпревар истакна дека верува во победа на својот тим.

„Секако дека веруваме во победата. Натпревари како овој не играме секој ден и мора да уживаме и да му покажеме на Веспрем дека сакаме да победиме и да се пласираме на завршниот турнир. Во овој момент се чувствуваме добро и физички и ментално, тоа секако е добро за нашата самодоверба“, изјави Лазаров.

Дејан Манасков поради повреда не е во составот на Веспрем, а треба да се спомене и дека натпреварот ќе го суди македонската судиска двојка Начевски и Николов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …