Македонската ракометна репрезентација во петок ја очекува првиот натпревар на Светското првенство, а противник ќе биде репрезентацијата на Норвешка.
На денешната прес-конференција пред тргнувањето за Полска селекторот Лазаров зборуваше за неговите очекувања.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Не чека уште едно големо натпреварување, мислам дека одработивме квалитетни подготовки со четири сериозни противници (Црна Гора, Хрватска и Израел). Сега спремни го дочекуваме Светското првенство и сакам да нагласам една работа.
Многу труд ентузијазам и борба вложивме за да дојдеме до ова Свеско првенство. Сите знаеме и дека во меѓувреме направивме тотална смена на генерации и заеднички дојдовме до посакуваниот настан“.
Очекувањата на Лазаров од оваа Македонија се големи.
„Во првото коло ќе се сретнеме со Норвешка, а јас верувам дека многу брзо оваа Македонија може да стане Норвешка. Станува збор за репрезентација која се бори за медали, можеби и за златото, но ние сакаме да одиме по истиот пат и знам дека ќе станеме квалитетна репрезентација“, изјави Лазаров.
Натпреварот против Норвешка го играме во петок од 20:30 часот.