Во првиот контролен натпревар против репрезентацијата на Кувајт, македонската машка селекција триумфираше со 31:21.
Македонската селекција иако не беше во полн состав забележа убедлива победа во првото соочување со Кувајт.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Селекторот Лазаров истакна дека резултатот не му е важен, туку пристапот и е сведен дека нема простор за еуфорија.
„Среќен сум не затоа што победивме со 10 гола разлика, туку затоа што пред натпреварот им укажав на момците дека стартуваме без девет стандардни репрезентативци и успеав да ги уверам дека без разлика на тоа, ако се сака – се може!“
„Тоа што го договаравме, тоа го спроведовме на самиот терен, мислам дека за нашите играчи ова ќе биде поттик за она што ни преостанува во следниот период, да работиме уште понапорно, да пробаме да ги задржиме добрите работи, а тука се и слабите работи во кои треба да се поправиме и да напредуваме. Не може да ме понесе никаква еуфорија, треба да бидеме цврсто на земја, знаеме што е пред нас, не можеме да го споредиме Кувајт со Словенија, Црна Гора и Данска“, изјави Лазаров.